English French German Italian Portuguese Russian Spanish

“ЕДЕН“ упатува повик за соработка до оние читатели на сајтот кои поседуваат интересни информации, истражуваат и имаат сопствено мислење за теми кои се обработуваат на овие страници или пак имаат преводи на македонски од статии објавени на други сајтови, блогови, часописи... да земат учество во понатамошното креирање и развивање на сајтот. Администраторите ќе ги разгледаат пристигнатите материјали и ќе ги објават оние кои се во склад со информациите кои веќе се нудат, а авторите или преведувачите кои ќе бидат најактивни ќе добијат своја рубрика и статус на уредници на истата. За повеќе информации или испраќање на материјалите контактирајте го администраторот на еден...

Верувањата - Ропство или Слобода Picture PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 2
НајлошоНајдобро 
Напишано од Митко Керамитчиев   
Среда, 01 Април 2009 09:47

 

 

 

„Човекот кој вели дека нешто не може да се направи, не треба да го прекинува оној кој тоа го прави.“
          - Кинеска поговорка

  

Колку и да изгледа хаотичен, во Универзумот постојат законитости и затоа постои и ред во она што се чини хаотично. Добра околност е што истите може секој да ги научи и што се целосно НЕУТРАЛНИ. Независно од полот, возраста, националноста, религиозната припадност, физичкиот изглед, образованието или било кој друг критериум за поделба на човекот, пред тие законитости сите се еднакви.

 

Ако едно тело е исфрлено во воздух, воопшто не е важно КОЈ го исфрлил, дали тој е паметен или глупав, дали е убав или грд, дали е Христијанин, Муслиман или Будист можеби,  каменот секако ќе падне на тлото, бидејќи Гравитацијата е универзален закон, кој е над сите човекови подвојувања. Универзалните Закони се од неперсонална природа и немаат форма. Ако некој застане под сенка тоа може да биде заради желбата да се освежи телото и тука сe е  во ред. Проблемот настанува кога мотивите се поинакви и почнува да се проколнува сонцето што не нè грее или некој кој ни „наметнува“ сенка или било кое друго обвинување...што укажува на непознавање на законитостите. Од тие причини постојат добри луѓе кои, сепак, страдаат. Едноставно, тие не познаваат дел од Универзалните Закони и се судираат со горчина во својот живот. Не е важно дали си најдобриот човек на планетава, ако доволно долго останеш на сонце, би можел да имаш последици, ако долго останеш под сенка, ќе се лишиш од задоволување на потребата да искористиш дел од доброто влијание на сонцето.

 

Една од најчесто повторуваните параболи во врска со Животот е дека Животот е како РЕКА. На реката и е сè едно дали си среќен или тажен, добар или лош, таа продолжува да тече. Некои луѓе одат на реката за да се исплачат, некои да се инспирираат, некои, пак, да црпнат нешто од неа. Реката секако продолжува да тече. Таа е тука и за тие кои доаѓаат да црпат и за оние кои доаѓаат да се удават. Таа секако тече и го нуди своето присуство на сите подеднакво. И реката е како Универзумот. Тој може да нe поддржи или да нe уништи, но тоа не го прави од „лични“ причини. Да се потсетиме, Универзумот е безличен и без форма. Тој има супернеутрална позиција, но делува како катализатор на нашата позиција. Тоа што му го нудиме, тоа бива засилено.

 

На реката на Животот би можеле да отидеме со чаша, со бокал, со кофа или буре. Но со тоа ни најмалку нема да ја нарушиме ПРИРОДНАТА состојба на реката, а тоа е ИЗОБИЛИЕ. Нашата свест, идеите, референтната рамка (искуството) и особено, нашиот систем на верувања се оние фактори кои одредуваат дали на брегот ќе се појавиме со чаша или со буре. На реката и е сe едно и таа подеднакво ќе го понуди своето изобилие.

 

Ако се појавиме со чаша, а сфатиме дека е тоа малку, дали ќе почнеме да ја преколнуваме чашата што е толку мала? Сте биле на тој брег, нели? Дали ќе ги преколнуваме или ќе им завидуваме на оние кои понеле буре и сега среќно, полно го носат „на употреба“? „Тој е од добростоечко семејство кое му овозможило добро образование, па ЗАТОА може да си дозволи буре!“, веројатно си велиме длабоко вкопани во илузијата дека за да стекнеме нешто потребно е претходно нешто веќе да имаме.

 

          Но, во тој негативен занес, забораваме дека можеме да се вратиме на брегот од реката на Животот кога ќе посакаме и со себе да понесеме сад со форма и големина која сметаме дека ни е потребна. Всушност, ако сфатиме дека нашата појава на брегот од Реката на Животот е наша одговорност, од неа можеме да добиеме сe што сакаме. Единственото ограничување лежи во нашиот ум. Ако го напуштиме верувањето дека не можеме да го добиеме, можеме да добиеме било што.

 

Нашите искуства и условувања во форма на воспитание од родителите, професорите и намерната или случајна пропаганда на пошироката социјална заедница нe довеле до одредени верувања за нас самите. Не е воопшто важно дали тие верувања се објективно вистинити или не. Ако се прифатени од нас, тогаш тие стануваат вистинити за НАС и ја креираат и предусловуваат нашата субјективна реалност. Ако прифатиме дека во светов постојат ограничувања од било каков карактер, тогаш тоа е верување кое нe ограничува НАС, во било кој поглед. Единствениот начин да почнеме да го гледаме светот како место каде изобилието е природен статус е да го промениме својот став.

 

Ако на земјата и понудиме семе од лубеница, на земјата и е сe едно кој го посеал семето, со какво образование е тој, од која национална или конфесионална припадност или дали можеби е алергичен на лубеници. Таа нема некому да му понуди диња заради тоа што е тој таков каков што е. Таа ќе послужи како неутрална подлога за катализација на она што е веќе предодредено со самата идеја и средствата кои се во погон за манифестација на целта.

 

Ако ги погледнеме верувањата кои ја формираат подлогата на нашиот живот, ќе забележиме огромен број на такви кои по пат сме ги присвоиле во текот на животот. Огромен број на поединци и групи извршиле огромно влијание врз нас и сме присвоиле туѓи идеи, мислења, ставови, верувања и „знаења“. Толку сме полни со нив и нивната моќ, што никому не дозволуваме да ги предизвикаат. Остануваме да живееме со нашиот комплет од морални, политички, религиозни, лични и какви сe уште не верувања кои несвесно делуваат врз нас како тешки окови. Најлошото во сето тоа е што се тоа вообичаено лажни верувања, кои сме ги прифатиле како најлесен начин да си објасниме нешто или да пребродиме одредени проблеми. Но, откако тие ни послужиле, продолжуваме да ги влечкаме наоколу. Тоа е исто толку нерационално, како на пример, да продолжиме да го влечкаме со себе чамецот со кој штотуку сме ја преминале реката. Истиот, иако одлично средство кое ни се нашло на патот низ Животот, сега ни претставува непотребен баласт. Тоа е една од грешките од кои не може ништо да се научи. Кога ќе сфатиме дека го влечкаме со себе товарот, единственото вредно сознание е дека тој ни е непотребен и дека за свое добро треба да го спуштиме. Понекогаш и тоа е доволно за да „ни тргне“ во животот полесно и поуспешно. Жалењето за изгубеното време и онака е бесполезно.

 

Така е и со наметнатите, но прифатени верувања. Кога ќе ја сфатиме нивната тежина и ограничувања, потребно е нивно отфрлање, за да можеме да го добиеме потребниот елан за лесно движење низ животот. Потребна е лична психо-револуција, потребно е отфрлање на закоравените парадигми. Потребно е инсталирање на НОВА ПАРАДИГМА, која ќе се самопоништи тогаш кога со динамиката на Животот таа ќе остане непотребна.

 

Нашиот успех во животот ќе биде правопропорционален на големината на маневарскиот простор кој нашиот систем на верувања ќе ни го остави. Дали нешто човек може или не може да направи е во целосна зависност од тоа што му го налага или дозволува неговиот систем на верувања.

 

Системот на верувања нуди застрашувачко поразителен концепт наречен Зона на Комфорот. Тој е толку силен што колку и да е мизерен животот на некој човек, тој останува во рамките на Зоната на Комфорот, бидејќи таа му ја нуди толерантната рамка на она што е познато. Решението на проблемот на неговата мизерија е НАДВОР од границите на Зоната на Комфорот, но, тој по цена на неразумна мизерија се плаши од непознатото. Тоа така останува сe до моментот кога мизеријата ги надминува толерантните прагови и излетот во непознатото, иако проследен со страв, станува помала мизерија од она што го нуди Status Q  ситуацијата. Меѓутоа, тогаш тоа не е Акција, туку едноставна реакција. Човекот ја пропуштил можноста проактивно да КРЕИРА околности и се нашол во ситуација да реагира на наметнатите околности. По правило, тоа е веќе време на неповратно изгубени квантуми на енергија и време.

 

© Митко Керамитчиев

 

 

Последно освежено ( Среда, 08 Април 2009 10:22 )
 

Додади го твојот коментар

BoldItalicUnderlineStrikethroughSubscriptSuperscriptImageOrdered listUnordered listQuoteCode
Happy smileyVery happy smileyWinking smileyOh my God !Smiley with tonque outHot smileySad smileyCrying smileyShocked smileyBe Right BackAshamed smileyConfused smileyI dont knowThinking smileyEye-rolling smileySleepy smileyDon't tell anyoneBaring teeth smileyParty SmileySick smileyAngry smileyDevilAngelNerd smileySarcastic smileySecret tellingThumbs upThumbs downClapping handsFingerscrossedLeft hugRight hugBoyGirlMessengerHeartBroken heartRoseWilted roseKissGiftBirthday cakeCigaretteHandcuffsBeer mugDry martiniI'mMoonStarSunRainbowUmbrellaIslandRainStormDinner plateBowlPizzaCoffee cupCatDogBatGoatSnailTurtleSheepFilmstripNoteE-mailCameraLightClockTelephone receiverComputerMobile phoneXboxSoccer ballAutoAirplaneMoneyFilmFilm LinkSoundPictureExclamationRss
Вашиот псевдоним:
Вашата адреса за електронска пошта:
Предмет:
Коментар: