English French German Italian Portuguese Russian Spanish

“ЕДЕН“ упатува повик за соработка до оние читатели на сајтот кои поседуваат интересни информации, истражуваат и имаат сопствено мислење за теми кои се обработуваат на овие страници или пак имаат преводи на македонски од статии објавени на други сајтови, блогови, часописи... да земат учество во понатамошното креирање и развивање на сајтот. Администраторите ќе ги разгледаат пристигнатите материјали и ќе ги објават оние кои се во склад со информациите кои веќе се нудат, а авторите или преведувачите кои ќе бидат најактивни ќе добијат своја рубрика и статус на уредници на истата. За повеќе информации или испраќање на материјалите контактирајте го администраторот на еден...

Ритамот на Универзумот Picture PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 
Напишано од Митко Керамитчиев   
Среда, 01 Април 2009 09:53

 

Еднаш, многу одамна, еден земјоделец, во наплив на очај од слабата берба извикал:
-  „Боже, да имам  барем  една година можност да го контролирам времето!“
- „Сторено!“, одеднаш слушнал длабок глас на кој не можел да му го утврди правецот.
- „Молам?“, запрашал изненадено земјоделецот?
- „Велам, сторено! За период од една година ќе имаш моќ да ги контролираш временските услови по твоја желба.“, му одговорил Бог.
- „Ти благодарам Боже!“ весело отпоздравил земјоделецот и ја започнал својата необична преокупација - комбинација на земјоделство и метеорологија.

Речиси цела година посакувал и добивал сонце, па дожд, сонце, па повторно дожд. Пченката растела и растела, не била никогаш поголема и позелена. На радоста на земјоделецот и немало крај.

Дошло време за берба. Земјоделецот со нестрпливост почнал да ги проверува кочаните.
- „Каква е бербата?“, се слушнал длабокиот глас на Бог.
- „Сиромашна Боже, многу сиромашна!“, одговорил земјоделецот.
- „Но зарем не добиваше временски услови какви што посакуваше?“
- „Да, добивав и затоа и сум збунет!“, бил очаен земјоделецот.
- „Дали освен дожд и сонце понекогаш побара ветер што ќе го зајакнеше стеблото и ќе го продлабочеше коренот?“
- „Не, не го сторив тоа!“
„Дали посака, снег, мраз, слана, кои што ќе ги активираа внатрешните потенцијали на растението за самоодржување, што на крај ќе резултираше со поголем плод?“, продолжи Бог.
- „Не, ништо од тоа не побарав.“
- „Тогаш, чедо мое, на најлош можен начин научи една голема животна лекција – Животот е можен само преку ПРЕДИЗВИЦИ.

Горната прикаска е парафразиран извадок од Дискурсот бр. 6 од делото „Јога, Алфа и Омега“ од Ошо Раџниш раскажана во една од неговите многубројни беседи во Пуна, Индија. Од истите, денеска постојат преку  четиристотини печатени дела.

Со оваа прикаска Ошо ни укажува на една секогаш присутна, но ретко препознаена појава, која задира во самата природа на овој Универзум – неговата дуалност. Манифестацијата на Универзумот во било која негова појавна форма се изразува преку постоење на две навидум спротивставени сили, на два пола. Се што постои има две страни – Светлина/Темнина, Движење/Мирување, Радост/Тага, Јинг/Јанг, Звук/Тишина итн., набројувањето може да оди во недоглед.

Но тој поларитетно поставен принцип само навидум изгледа дијаметрално спротивставен. Тие сили, всушност се комплементарни. Тие контрапункти всушност постојат на начин кој едниот го осмислува постоењето на другиот.

Замисли дека си роден во богата земја во која секој е супер богат, никому ништо не недостасува и сите желби се исполнуваат моментално.

Оваа наша хипотетичка земја би била неиздржливо здодевна. Искуството на богатство би постоело само во форма на знаење дека си богат, но тоа би било лишено од секаква возбуда, бидејќи не би постоел неговиот поларитет. Кога не постои спротивниот поларитет, не постои структурална тензија и не постои движење кон нешто.  Ти би знаел дека си богат, но тоа би било бесмислено бидејќи никогаш тоа искуство не би можел да го споредиш со искуството на сиромаштија и возбудата содржана во станувањето богат никогаш не би настанала.

За да може да се почитува квалитетот на изобилие мора прво да се искуси квалитетот на недостаток. Всушност, не може да се создаде било кое искуство, ако претходно или истовремено не се создаде  спротивното искуство. Тоа е една интересна позиција на Битието, тоа знае СЕ, но не може да има искуство ако претходно не создаде илузија на немање или не знаење.

Значи, во нашата хипотетичка (а можеби и не е хипотетичка?) земја на благосостојба, ти никако не би можел да бидеш сиромав. Затоа би морал да создадеш илузија со помош на фрагментарно гледање во ограничен простор и ограничено време за да „успееш“ да видиш недостаток, занемарувајќи го постоењето на Целината чија природна состојба е благосостојба и изобилие.

Замисли си го твоето омилено јадење. Ако постојано ти е на располагање, ако го јадеш одново и одново, тоа и не би било омилено, нели? Искуството на привлечност не би постоело. Илузијата дека сме ограничени во консумацијата на тоа јадење го одржува во живот искуството на привлечност на тоа јадење.

Дали е различно со нашата привлечност кога се одредени предмети или луѓе во прашање? Секако не! Предметите и луѓето кон кои се стремиме бргу би ја изгубиле својата привлечна сила доколку сме во ситуација неограничено да ги „поседуваме“. Илузијата на недостаток е тоа од што е потхрануван копнежот.

Од моментот на нашето раѓање, до смртта на нашето физичко тело, ние постојано се однесуваме како дете кое копнее по играчка од која бргу се заситува и ја остава. Во моментот на стекнување на позитивното искуство доаѓа до поништување на негативното и се неутрализира енергијата од која тие се создадени. Набргу, потребно ни е ново искуство, нова играчка. Тоа е несвесен циклус, во кој човечкото битие ја игра својата игра, се до моментот на освестување на тој цикличен процес, кога доаѓа не до неутрализација, туку до ИНТЕГРАЦИЈА на поларитетите. Во тој момент се случува манифестација на  СЛОБОДАТА, како базичен принцип на постоење. Битието си ја враќа слободата на избор дали и колку ќе ја игра таа игра. Таа состојба е проследена со апсолутна одговорност за изборот и сите причинско-последични врски.

Но, повеќе од се, во тој момент се раѓа и способноста за СВЕСНА КРЕАЦИЈА. Животната клацкалка од една до друга поларизирана крајност престанува да се игра, нишалото се смирува и согледува дека има слобода на движење во било кој правец, а не само во еднодимензионалниот лак на принуда, несвесно самонаметната и самоприфатена.

Да го затвориме кругот... Предизвиците, оние животни ситуации кои ни доаѓаат во Животот маскирани во проблеми, се комплементарна сила која придонесува за нашиот раст, развој, напредок... среќа. Без нив, плодовите на нашиот живот ќе бидат навидум убави однадвор, но внатре празни, бесплодни, јалови и бескорисни.

_____________________

„Акција и реакција, плима и осека, обид и грешка, тоа е ритамот на Животот. Од самодовербата – страв, од стравот – јасна визија, надеж..., а од надежта – напредок.“ – Брус Бартон

„Ако постои нешто што сакаме да го промениме кај другите, подобро прво да погледнеме дали постои нешто што треба да го промениме кај себе.“ – Карл Густав Јунг

„Сите промени, дури и оние по кои долго сме копнееле имаа своја меланхолија;  оставаме дел од нас самите зад себе. Еден поранешен живот мора да умре, за да влеземе во нов.“ – Анатол Франс

„Само најмудрите и најглупавите луѓе не се менуваат.“ – Конфучие

„Секоја промена, дури и онаа кон подобро, секогаш е придружена со отпор и нелагодност.“ – Арно Бенет

_____________________

© Митко Керамитчиев

 

Последно освежено ( Среда, 08 Април 2009 10:21 )
 

Додади го твојот коментар

BoldItalicUnderlineStrikethroughSubscriptSuperscriptImageOrdered listUnordered listQuoteCode
Happy smileyVery happy smileyWinking smileyOh my God !Smiley with tonque outHot smileySad smileyCrying smileyShocked smileyBe Right BackAshamed smileyConfused smileyI dont knowThinking smileyEye-rolling smileySleepy smileyDon't tell anyoneBaring teeth smileyParty SmileySick smileyAngry smileyDevilAngelNerd smileySarcastic smileySecret tellingThumbs upThumbs downClapping handsFingerscrossedLeft hugRight hugBoyGirlMessengerHeartBroken heartRoseWilted roseKissGiftBirthday cakeCigaretteHandcuffsBeer mugDry martiniI'mMoonStarSunRainbowUmbrellaIslandRainStormDinner plateBowlPizzaCoffee cupCatDogBatGoatSnailTurtleSheepFilmstripNoteE-mailCameraLightClockTelephone receiverComputerMobile phoneXboxSoccer ballAutoAirplaneMoneyFilmFilm LinkSoundPictureExclamationRss
Вашиот псевдоним:
Вашата адреса за електронска пошта:
Предмет:
Коментар: