English French German Italian Portuguese Russian Spanish

“ЕДЕН“ упатува повик за соработка до оние читатели на сајтот кои поседуваат интересни информации, истражуваат и имаат сопствено мислење за теми кои се обработуваат на овие страници или пак имаат преводи на македонски од статии објавени на други сајтови, блогови, часописи... да земат учество во понатамошното креирање и развивање на сајтот. Администраторите ќе ги разгледаат пристигнатите материјали и ќе ги објават оние кои се во склад со информациите кои веќе се нудат, а авторите или преведувачите кои ќе бидат најактивни ќе добијат своја рубрика и статус на уредници на истата. За повеќе информации или испраќање на материјалите контактирајте го администраторот на еден...

Реакција или КРЕАЦИЈА Picture PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 1
НајлошоНајдобро 
Напишано од Митко Керамитчиев   
Среда, 01 Април 2009 10:05


Пред многу години, еден млад човек од еден голем јапонски град, го живееше животот со неподносливо чувство дека животот му е празен. Во надеж дека ќе постигне  состојба на внатрешен мир, си ја избричи главата и отиде да живее во еден манастир како калуѓер.

По вредно десетгодишно учење, младиот човек сфати дека сè уште чувствуваше дека ни малку се немаше приближено до чувството на емоционална исполнетост. Низ разговор со другите калуѓери, тој разбра за еден просветлен учител кој живеел во Кина. Веднаш почувствува привлечност кон помислата дека низ учењето со овој човек конечно ќе ја разбере сопствената природа. Ги присобра своите скромни пљачки во еден врзоп, го премина Јапонското Море и започна долг и исцрпувачки пат преку пустина.

Секој ден чекореше по многу часови и застануваше навечер откако ќе пронајдеше парче земја со природен извор на вода безбедна за пиење. По цел месец патување на ваков начин, тој имаше чудно, дотогаш непознато чувство на енергија и празнина.

Еден исклучително жежок ден, калуѓерот бескрајно чекореше безуспешно трагајќи по вода. Откако денот веќе одамна се беше престорил во темна ноќ без месечина, конечно наиде на оаза. Целосно исцрпен, се спушти на земја и со лазење започна да ја бара во темната околина животната течност. Наиде на грубо изработен сад кој некој го оставил. Практикувањето на оставање на сад со малку вода за непознатиот патник кој можеби ќе наиде, не било ништо вообичаено. Со голема сласт ја испи малата количина на највкусната вода што некогаш ја вкусил, се почувствува благословен и во мир со целиот свет. Наскоро западна во длабок и мирен сон од кој го оттргнаа раните утрински сончеви зраци.

Откако се исправи, првата работа која ја забележа беше грубиот сад од кој пиеше претходната ноќ. Тоа не беше она што му се беше причинило во неподносливиот налет на замајувачка жед – рачно изработен сад, туку распарчен череп на млад волк. Черепот беше обложен со крв, а огромен број на мравки лазеа наоколу и внатре во черепот, во вредно транспортирање на остатоците од него.

Кога калуѓерот го здогледа ова, веднаш доби силен нагон за повраќање. Доби вртоглавица, придружена од непријатното чувство на повраќање од устата и носот истовремено. Откако се созема малку, неговиот ум започна да работи со секавична брзина.

Се сети дека минатата ноќ „водата“ имаше прекрасен вкус и делуваше освежувачки. Околностите од минатата ноќ го доведоа до пријатни чувства со кои таа заврши. Денеска, истата ситуација ја доживува на различен начин и чувствата се крајно непријатни. Сфати дека истата ситуација, истите околности беа различно интерпретирани од неговиот ум и тоа придонесе за предизвикување на спротивставени чувства и доживувања.

Одеднаш му стана јасно... неговиот ум ја имаше моќта на создавање на страдање или задоволство.  Сфати дека она што се имаше случено во минатото е од минорно значење во однос на неговата реакција во сегашноста и особено во однос на неговата можност за креација во иднина.

Со ова сознание кое го обзема, не чувствуваше веќе никаква желба за продолжување на патот. Неговото патешествие, неговиот аџилак заврши во таа оаза. Од тој момент, младиот калуѓер веќе знаеше како да го живее својот живот со чувство на емоционална исполнетост. Знаеше како наместо реакција кон минатото да создаде креација во сегашноста. И не само тоа... почувствува Присуство кое го води. Не знаеше каде, но вербата беше неподелена. Со таа верба, го направи првиот чекор кон непознатото. Колку нетипично за него! Порано бескрајно се колебаше исправен и пред најмалата одлука која требаше да се донесе. Се изненади од самиот себе, но довербата во себе и Присуството немаше граници...

...Повторно почувствува жед, но овој пат жедта не беше за вода.

 

 

          Со импресиите од прикаската за младиот калуѓер, ќе си дозволам  неколку укажувања во врска со животот на обичниот човек.

 ______________________

 Дигресија:

„Обичниот човек“, се разбира, е виртуелен лик, „просек“ од карактеристиките на сите единки во групата.

Просекот и слични технички термини, пак, во науките кои ги нарекуваме „општествени“ многу поретко се употребуваат отколку во природните. Кога е Психологијата во прашање, математиката и статистиката се употребуваат секогаш кога нешто треба да се типизира. Но, кога е Свеста во прашање,  типизирањето е невозможно, од едноставна причина што Свеста (сè уште) не може да биде предмет на мерење.

„Обичниот човек“, се разбира, иако е морфолошки од машки род, подеднакво се однесува на останатите два граматички рода и биолошкиот женски род.

______________________

 

          Обичниот човек...

 

1.    ... не го живее сопствениот живот, туку животот го живее него. Имено, останувајќи во впечаток кој со време се претвора во (у)верување дека е жртва на околностите им се препушта на милост и немилост на сите оние со кои влегува во интеракција и кои, се разбира, се обидуваат да го прилагодат животот на сопствените потреби; 

2.    ... рака под рака со гореопишаниот терк, ги обвинува другите за сè она што му се случува во животот а кое тој го доживува на непријатен начин, но, истовремено со сета сила се труди да ги присвои заслугите за сите пријатни настани во сопствениот живот; 

3.    ... не ја гледа поврзаноста на работата на сопствениот ум со резултатите кои ги постигнува во своето секојдневие. Оттаму, тој не прави ништо за да го подобри учинокот од своето делување; 

4.    ... им се препушта на безбројните идентификации во кои безброј пати во текот на денот несвесно влегува (студент или службеник, гостин во кафуле, дете, родител, партнер,...) притоа влечејќи ги опашките од трауми и непријатни настани чии последици оставаат печат врз неговото делување денес; 

5.    ... не е свесен за огромното влијание на околината олицетворено во лица кои најчесто имаат добри намери (родители, роднини, учители...) но страдаат од сопствената несвест и незнаење и притоа остануваат со неосознаено чувство на способност за елиминирање на оваа социјална условеност на која сме и дозволиле да ја условува и нашата субјективна реалност, емоционална благосостојба и материјална доволност. 

Горните точки се само дел од практичниот дел од книгата и курсот „Петта Димензија“. Се разбира, доживувањето на било кое дело има строго субјективна црта и затоа гореизложеното е само обид во доловување на она со што читателот и посетителот на курсот се стекнува. 

Надвор од набројувањето, поважно од сè се сознанијата кои читателот (курсистот) ги понесува: 

  • Се застанува на ново скалило во животот и оттаму погледот е поинаков. Старите гледишта се само испразнети мемории, без никакво влијание врз нашата сегашност. Од новото стојалиште, изборот на насоката во која сакаме да го придвижиме нашиот живот е појасен, полесен и со јасно изразено чувство на Слобода (на изборот). 
  • Кога животот ќе нè исправи пред нови предизвици, едноставно ја впрегнуваме, ја вработуваме новостекнатата способност. За човек кој ја совладал вештината на пливање, од многу помала важност е од каков карактер е водата отколку за непливачот, нели?. Оној што нешто умее, може и да се служи со таа вештина. И тука Слободата на делување е во неподелен посед на оној кој е во ситуација да донесе договорна одлука.

 © Митко Керамитчиев

 

 

 

Последно освежено ( Среда, 08 Април 2009 10:21 )
 

Додади го твојот коментар

BoldItalicUnderlineStrikethroughSubscriptSuperscriptImageOrdered listUnordered listQuoteCode
Happy smileyVery happy smileyWinking smileyOh my God !Smiley with tonque outHot smileySad smileyCrying smileyShocked smileyBe Right BackAshamed smileyConfused smileyI dont knowThinking smileyEye-rolling smileySleepy smileyDon't tell anyoneBaring teeth smileyParty SmileySick smileyAngry smileyDevilAngelNerd smileySarcastic smileySecret tellingThumbs upThumbs downClapping handsFingerscrossedLeft hugRight hugBoyGirlMessengerHeartBroken heartRoseWilted roseKissGiftBirthday cakeCigaretteHandcuffsBeer mugDry martiniI'mMoonStarSunRainbowUmbrellaIslandRainStormDinner plateBowlPizzaCoffee cupCatDogBatGoatSnailTurtleSheepFilmstripNoteE-mailCameraLightClockTelephone receiverComputerMobile phoneXboxSoccer ballAutoAirplaneMoneyFilmFilm LinkSoundPictureExclamationRss
Вашиот псевдоним:
Вашата адреса за електронска пошта:
Предмет:
Коментар: