English French German Italian Portuguese Russian Spanish

“ЕДЕН“ упатува повик за соработка до оние читатели на сајтот кои поседуваат интересни информации, истражуваат и имаат сопствено мислење за теми кои се обработуваат на овие страници или пак имаат преводи на македонски од статии објавени на други сајтови, блогови, часописи... да земат учество во понатамошното креирање и развивање на сајтот. Администраторите ќе ги разгледаат пристигнатите материјали и ќе ги објават оние кои се во склад со информациите кои веќе се нудат, а авторите или преведувачите кои ќе бидат најактивни ќе добијат своја рубрика и статус на уредници на истата. За повеќе информации или испраќање на материјалите контактирајте го администраторот на еден...

ПАРTНЕРСКИ ОДНОСИ Picture PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 5
НајлошоНајдобро 
Напишано од Томислав Будак   
Недела, 12 Јули 2009 19:33

 

 

 

 Now that we found love,                                                               

what are we gonna do                                                                 

with it?                                                                              

 

(Сега кога ја пронајдовме љубовта, што ќе направиме со неа? “ – рефренот на песнатаNow That We Found Loveна јамајканската група THIRD WORLD)

 

 

 

Кармичките проблеми се манифестираат низ сите темелни облици на човековата мотивација, па така и низ партнерските односи. Имено, голем број луѓе почнуваат да работат на себе токму како последица на неостварено партнерство или проблеми во партнерскиот однос и заради тоа ова поле на на човековата реализација сосема сигурно е едно од најкритичните кога станува збор за процесите на личниот развиток. Партнерските односи можат да бидат сретство на исклучителна испонетост на човековото битие – се разбира, доколку се складни. Доколку не се, рајот лесно се преобразува во пекол и партнерските односи лесно можат да станат извор на тешко страдање. Во денешната цивилизација овие односи многу почесто се доживуваат како извор на болка (“љубовта е болка“), односно како нешто што никако не може да функционира складно на подолг временски период или да биде извор на трајна среќа. Партнерските односи претставуваат нерешлива енигма за голем број луѓе и тие не знаат како да справат со нив – како да започнат, како да продолжат и како да завршат. Заради тоа, во неможност да направат било што, многу често се прифаќа поглед на свет од типот – “ах, тие жени/мажи, не можеш со нив, а не можеш ни без нив“, или некои уште помрачни визии кои обично резултираат со бегство од било каква “врска“. 

 

Меѓутоа, работите се комплицирани само доколку не поседуваме одговарачки координати, односно ако не сме способни партнерството да го доживееме онака како што изворно е замислено. Многу луѓе партнерствата ги доживуваат како своевиден супермаркет за подмирување на сопствените потреби – мажите малку почесто сексуалните, а жените нешто почесто емоционалните и материјалните (ова, се разбира, не го сметам за правило). Со еден свој дел партнерството е навистина втемелено врз заедничките потреби на обата партнера, но не претставува само тоа. Други луѓе партнерскиот однос го доживуваат како полигон за лечење на сопствените фрустрации, односно за отворено или суптилно изживување врз сопствениот партнер. Трети го доживуваат како сретство за исполнување на потребите кои ги наметнуваат архетипските улоги, односно општествените очекувања. Партнерството во еден свој дел секако е темел за креирање на семејство во кое партнерите ќе ја превземат архетипската улога на татко и мајка, но не е само тоа. За многумина партнерскиот однос е сретство за бег или заштита од грубоста на секојдневниот живот, односно извор на романтика и врска со светлата, пријатна или возвишена (“high“) страна на животот. Партнерството секако може да биде и тоа, зошто да не, но не е само тоа. Се работи, имено, за следново – гледано суштински, партнерскиот однос е сретство за личен и спиритуален развиток. Доколку го доживееме на ваков начин, партнерството веќе има и некаква шанса. Доколку не, не постои таков партнерски однос кој може да опстане и да биде сретство на трајно исполнување.  

Заради тоа, кога се ќе собереме и одземеме, можеме да кажеме дека заеднички именител на сите партнерски (љубовни) проблеми е отпорот кон промената, односно развитокот. Кризата во партнерските односи настанува заради тоа што една личност сака да се менува, односно да го направи партнерскиот однос уште подобар, а другиот партнер не го сака тоа. Иако секоја личност има право на свој сопствен избор, односно на сопствено темпо на развиток, сепак е добро да се знае дека промената е природен процес и дека неминовно ќе се случи, било да е спонтана или предизвикана со тераписка интервенција. Промената не е возможно да се избегне зошто и самиот живот не е ништо друго освен процес за развиток на свесноста, односно предизвик – можност која човечкото суштество ја добива за да се промени и развие. Заради тоа, отпорот кон промената е темелен извор на сите човечки проблеми. Партнерот кој не сака да се менува мора исто така да знае дека отпорот кон промената на крајот на краиштата продуцира тежок живот и непријатна смрт. Практиката, имено, покажала дека кога станува збор за промената, животот воопшто не е милосрден кон човекот – промената едноставно нема алтернатива.. Без промена човековиот живот обично се претвора во гротескна бесмислица, а непочитувањето на фактот дека животот постојано нуди можности за лична трансформација го доведува човекот до негово уништување, на овој или оној начин.

Кога станува збор за системите за личен развиток, промените кои ги носат тераписките интервенции не се нешто што би било можно да се избегне без таканаречената “работа врз себе“. Промената секако би се случила, но тераписката интервенција ја забрзува и олеснува. Истовремено, работата на личната трансформација има и своја екологија – не влијае само врз личноста која ја врши туку и врз сите други луѓе кои и се блиски. Последиците на растворањето на трауматското искуство и неговите психолошки и спиритуални манифестации (несредени фамилијарни односи, токсични поврзаности, идентификации, врските со понискиот астрал и останато) можат да бидат бројни, но сосма сигурно ќе се одразат врз моменталните односи во кои се наоѓа личноста, првенствено врз партнерските. Од причина што на личниот развиток му се посветуваат најчесто возрасни луѓе, со остварен партнерски однос, нивната лична промена неминовно го зафаќа и односот со партнерот. А со оглед на тоа дека секој однос претставува трета сила која настанува како продукт на интеракција помеѓу две битија, така промените на едната личност во ваква интеракција  ќе внесат одредени новини. Самиот однос со тоа неминовно се менува и прашање е дали на нашиот партнер таквата промена му е добредојдена. Понекогаш партнерите позитивно реагираат на нашите промени, односно едвај ги дочекуваат, но понекогаш и не, зошто промената не оди во насока која би била прифатлива за нашиот партнер. Понекогаш личната промена влијае врз нашата перцепција на моменталното партнерство, “ни ги отвора очите“ и ние повеќе не сакаме да останеме во таква врска, доколку и нашиот партнер не се промени.

 Последиците на ваквата динамика можат да бидат слични на оние кои настануваат во сразмер на променетите личности со сопственото семејство:

- со својата промена ние позитивно влијаеме на партнерот па и тој/таа се менуваат;

 

- нашата промена не му е прифатлива на партнерот па ние се враќаме на старо; 

 

- нашата промена не му е прифатлива на партнерот, но ние одбиваме да се вратиме на старо па доаѓа до криза која може да резултира со прекин на партнерството;

 

Возможно е, значи, заради зачувување на партнерскиот однос луѓето да не сакаат да се менуваат. Многу би сакале да работат врз себе, но бидејќи тоа им е потполно неприфатливо на нивните партнери, тие едноставно се откажуваат. Заради тоа, стравот од последиците кои личната промена ќе ги има врз партнерството е еден од основните извори на отпор кон личниот развиток. Меѓутоа, и овде може многу да се направи со цел средување на односите, дури и без учество на обата партнера, иако вољата за соработка при таква работа е идеален предуслов.

 

Од друга страна, факт е дека партнерството само по себе претставува сретство за личен развиток па дури и ако обата партнера се личности кои сакаат да се развиваат, нивниот однос ќе минува низ различни фази, од кои многу ќе бидат кризни. Ниту партнерствата не мораат нужно да бидат вечни – и со најдобра воља на партнерите да го одржат својот однос, некои партнерства имаат век на траење и не е возможно на сила да се одржат. Но, штета е да не се одржи партнерство кое има перспектива само затоа што односот моментално е во криза. Она што треба да се има на ум е дека партнерскиот однос е идеално сретство за личен развиток и дека за нецеловитите личности тој тоа секако и неизбежно ќе биде. Заради тоа, уште еднаш нагласувам – доколку луѓето не се целовити, интегрирани личности, веднаш по почетната романтика партнерскиот однос нужно се претвора во сретство за личен развиток, со сето она што таквиот развиток го носи – подигања и падови, екстази и кризи. Единствен начин ваквото сценарио да се избегне е односот да се замрзне во некаков крут, традиционален модел во кој нема блискост и отвореност, туку само цврсти правила до кои партнерите се придржуваат по секоја цена.

Партнерството може да влезе во криза заради бројни причини, но најчесто не заради различноста на партнерите (нивните карактери или цели), туку заради неадекватната комуникација помеѓу партнерите и искривената перцепција за самиот однос. Преголемата различност на карактерите или целите сигурно ќе резултира со неможност партнерството да се реализира, но тогаш работите се барем јасни. Меѓутоа, и во релативно компатибилното партнерство комуникациските проблеми можат да бидат големи, а партнерите едноставно да не го забележуваат тоа, туку се обвинуваат  меѓусебно за ова или она. Комуникацијата е возможна само помеѓу еднакви, кажува старото правило. Ако е оптоварена со различна позадина, таа може да прерасне во конфликт. Но, што би можела да претставува таа различна позадина? Се работи, имено, за минатите искуства на обете личности, првенствено за влијанијата на нивните семејства, односно за сите нерасчистени односи кои обете личности ги донесуваат со себе во партнерството. Таквите влијанија ќе се манифестираат низ механизмот на проекција и личностите една на друга “ќе си одат на нерви“ со своите постапки, иако таквата иритација не мора нужно да има никаква врска со реалноста – таа воглавно се однесува  на нерасчистените односи  со родителите, дедовците и бабите, браќата и сестрите или минатите партнери. Таквите неразмрсени психолошки лузни се чуваат во потсвеста, а потоа се проектираат или трансферираат врз погодни личности.

Имено, човековата свест за тоа што е однос е на исклучително низок степен на развиток, речиси во камено доба, па личностите кои влегуваат во партнерство обично мислат дека во односот се наоѓаат само тие. Но, ништо не е подалеку од вистината – во односот на една личност со друга влегуваат и сите членови на нивните семејства, а исто така и претците. Во односот влегуваат и сите нивни минати трауми, сите минати животни искуства (особено оние кои се однесуваат на бившите партнери), односно сета променлива и непроменлива карма на двете личности. Со оглед на тоа дека се што носи човекот во себе се огледува низ партнерскиот однос, тогаш е очигледно дека односот, наместо да биде неограничен извор на романтика или уживање, дизајниран е да биде сретство за личен развиток. И тоа не било какво – едно од најјаките. Партнерскиот однос е речиси “свет“ зошто личностите може да ги доведе до духовно просветлување, кармичка прочистеност и креативна оствареност. Партнерството, имено, најпрво ги исполнува личностите со љубов, но потоа го извлекува на површина и сето она во нив што не е љубов (свест, вистина) и настојува да ги исчисти личностите од таа содржина. Но, заради тоа што мнозинството луѓе не е свесно за таквиот развиток на работите во партнерскиот однос, тие бегаат од него штом чистењето ќе започне, дури и ако формално остануваат во односот подолго време или цел живот.

Со оглед на тоа дека партнерскиот однос е сретсво за личен развиток, секој таков однос, најшироко гледано, ќе помине неминовно низ три фази. Се работи за фази кои се типични за секој партнерски однос и не е возможно да се избегнат, освен ако во односот влегуваат две потполно прочистени личности, а такво нешто сеуште не сум видел па не ни можам да зборувам за тоа. Меѓутоа, интересно е дека мнозинството партнерства никогаш не ја дочекуваат третата фаза, многу ниту втората, додека понекои не влегуваат ниту во првата зошто се остварени само заради потреба или заради форма. Се работи за следниве фази:

1.      фаза на компензација

 

2.      фаза на трансформација

 

3.      фаза на реализација

 

Фазата на компензација е почетната фаза на односот и иако партнерите би сакале да трае вечно, нејзиниот рок на траење е ограничен – од неколку месеци, па најмногу до две години. Се работи за романтичната фаза во која двете личности се вљубени една во друга и тогаш вљубеноста ги лекува сите болки и проблеми. Иако партнерите можеби веруваат дека оваа фаза го претставува врвот на нивниот однос, дека освен вљубеност и романтика ништо подобро и не може да постои, морам да се зафатам за неблагодарната улога на “демистификатор“ на нешто во што вљубените голупчиња би се заколнале со сопствениот живот и би го бранеле со сите сретства. Во оваа фаза партнерите се идеализираат еден со друг и со тоа меѓусебно служат како сретства на компензација на емотивните повреди кои дотогаш ги доживеале, односно на сите форми на недостаток на љубов од минатото. Партнерите во оваа фаза често се однесуваат како деца – си зборуваат милно, речиси детски еден на друг, “се мазат и пазат“, си угодуваат на секаков можен начин, во постојан контакт се (и со тоа извор на огромна заработувачка за телефонските компании), се гледаат секојдневно или почнуваат да живеат заедно. Тие настојуваат што повеќе време да поминат заедно и што повеќе работи да прават заедно – нивниот однос со тоа помалку потсетува на симбиоза во која партнерите се речиси зависни еден од друг и силно идентификувани со меѓусебните душевни состојби. Затоа тие избегнуваат теми кои би можеле да ги повредат, премолчуваат привремени проблеми или недоразбирања и не го изнесуваат на светлината на денот баш сето она  што се случува со нив.

 

  Вљубеноста е прекрасна, но сепак во добар дел е одраз на неинтегрираните архетипски модели. Постои и поинаков вид на вљубеност за кој голем број терапевти специјализирани за партнерски односи за жал не знаат доволно, но за тоа потоа. Тој вид на вљубеност се појавува дури во третата фаза, а овој за кој сега станува збор е типичен исклучиво за првата фаза на односот, фазата на компензација. Според психијатарот Carl Gustav Jung, неинтегрираните архетипски модели  за кои станува збор во првата фаза на односот се нарекуваат анима или анимус. Збирот на отцепените машки аспекти на жената или анимус, односно збирот на отцепените женски аспекти на мажот или анима, можат да произведат големи проблеми зошто на партнерите им ја поматуваат перцепцијата. Имено, човековата Душа нема ниту машка ниту женска природа, туку обете истовремено. Иако човечките суштества се поделени на два пола, Душата е бесполна. Како што патот на човековиот духовен развиток води кон целовитост на Душата, односно кон свеста за сите нејзини аспекти, така во потрагата кон својот женски аспект мажот се вљубува во жени  кои се погоден медиум за проекција на неговата анима.

 

 Тоа значи дека мажот не може да ја види својата партнерка таква каква што е се додека во неа го проектира отцепениот, неосвестен и неинтегриран дел од себе. Тој гледа идеализирана слика, проектирана од сопствената подсвест и се вљубува во таа идеализирана слика, а не во реалната личност. Иста е работата и со жените – доколку е анимусот неинтегриран, тие не се вљубуваат во човечко суштество, туку во сопствената проекција. Доколку уште ги поедноставиме работите, очигледно е дека личностите со неинтегриран анимус или анима се вљубуваат во – самите себе. Во неможноста да го препознае и интегрира отцепениот дел на сопствената Душа, човекот по тој дел трага во другите. Станува збор за типични психолошки механизми на сублимација, трансфер и проекција. Човекот, имено, не може до крај да ја негира или да изгуби некоја од своите изворни потреби, но може привремено да ги потисне и да ги префрли во некој друг облик. Но, тогаш таквиот друг облик поседува своевидна власт над човечкото суштество, односно станува објект на обожување, идеализирање или дури опсесија. Се додека е личноста во состојба да одржува таква идеализирана слика, вљубеноста трае. Меѓутоа, кога партнерите ќе го покажат своето човечко лице, своето “пониско Јас“, тогаш илузорната конструкција почнува да се руши, а личностите бараат нови партнери, нови платна за сопствените проекции.

 

Пред да тргнам понатаму, морам да напоменам дека и фазата на компензација, иако само фаза на односот и тоа почетна, за многу луѓе претставува цел врз која мораат да работат. Имено, многу луѓе се толку затворени што не се во состојба ниту да се вљубат. Некои вљубеноста никогаш не ја искусиле, а некои се разочарани од своите минати врски и не сакаат повеќе да се отвораат. Така, фазата на вљубување е нешто што едноставно мораат да го поминат, односно да го исцелат, како би можеле воопшто панатаму да се развиваат. Партнерството е за секоја поединечна личност она што е за неа и не е ниту возможно, а ниту потребно, веднаш да се тежнее кон највисокото зошто таквото тежнеење може исто така да изгледа гротескно ако му се пријде со предумисла  без покритие. Некои луѓе се, имено, духовно освестени во толкава мерка што се во состојба да ги препознаат потенцијалите на едно “духовно партнерство“, но такво партнерство е невозможно да се оствери ако помеѓу партнерите нема вистинска блискост. Да се тежнее кон духовно партнерство во рамките на млак или плиток однос без страст претставува невозможна мисија. Партнерите кои имаат темелни сексуални проблеми, проблеми во комуникацијата, проблеми со отвореност, разбирање и прифаќање, имаат што да прават и без да влезе нивното партнерсво во фазата на трансформација. Блискоста, довербата и отвореноста, односно вљубеноста во онаа најобична смисла би требло да бидат нивните први цели.

 

Вљубеноста, која многу терапевти ја сметаат за примитивен, површен, илузорен или дури опасен аспект на љубовта, има улога во процесот на креирање исполнувачка врска, односно во процесот на развиток воопшто. Вљубеноста произлегува од контактот со вистинското битие, Душата или Јаството. Исполнувањето кое го носи таквиот контакт е мамец со кој Душата привлекува човечко суштество кон себе, сретство со кое ја води личноста кон целовитост. Вљубената личност е во состојба “лудо да го сака“, за жал само својот партнер, додека просветлената личност е во сосојба “лудо да го сака“ – секого. Но, и најповршниот облик на вљубеност ја отвора личноста и укажува на можноста за исполнување кое може да се постигне со култивирање на односот со Душата, а подоцна и со Духот, така Душата ја користи вљубеноста како мамец. Вљубеноста е неопходна, иако најчесто краткотрајна. Но складниот однос секогаш започнува со вљубеност од површен вид, а се реализира низ вљубеност од многу подлабок вид. Заради тоа, возрасна личност која не живее во манастир, а нема партнер подолго време или никогаш не го имала, односно никогаш не била вљубена, секако има проблем и не треба премногу да размислива за сопствените животни цели – првата цел е веќе кристално јасна. Без емоционална отвореност и блискост нема емоционално созревање, а емотивната зрелост е прв и основен услов за спиритуалната. Не обратно.

 

Но, еднаш кога ќе се оствари вљубеноста, колку и да е посакувана и пожелна, ќе ги води партнерите кон другата фаза на односот – фазата на трансформација. Во моментот кога партнерите емотивно  ќе се “нахранат“ еден со друг, ќе се наполнат со љубов и ќе успеат да ги компензираат колку - толку некогашните емотивни повреди, нивниот однос се развива понатаму. Така, вљубените личности порано или подоцна ќе почнат да го откриваат една во друга и конкретното човечко суштество, со одредено воспитување, навики, семејни влијанија и лични недостатоци. Доколку таквите особини не и одговараат на идеализираната слика која ја наметнува анимата или анимусот, вљубеноста почнува нагло да спласнува, а личноста одеднаш веќе “не го разбира“ или “не го препознава“ својот партнер или партнерка. Меѓутоа, вистината е дека ниту претходно партнерите не се познавале реално еден со друг, само што сега станале свесни за тоа. Во фазата на компензација партнерите меѓусебно се идеализираат, ги проектираат своите идеални замисли еден во друг и со тоа себеси се штитат од “грдата страна на животот“ – во реалноста сопствената “сенка“, односно “пониското Јас“. Меѓутоа, од содржината на сопствената потсвест не е возможно трајно да се заштити – неа човек треба да ја изнесе на светлината на денот, да ја прочисти и интегрира. Во моментот кога личноста ќе стане зрела (спремна) за такво внатрешно прочистување, ќе следи втората фаза на односот, фазата на трансформација, а со неа започнуваат и бројните проблеми. Анима и анимус тогаш престануваат да бидат позитивни, идеализирани слики, туку се претвораат во сурови и насилни “демонски битија“ кои немилосрдно ги прогонуваат своите носители. На овој или оној начин, анима и анимус ќе настојуваат да ги доведат личностите до целовитост на машкиот и женскиот принцип внатре во себе.

 

Зошто е толку битно да се интегрираат анима/анимус? Одговорот гласи – таквата интеграција е една од целите на човековото постоење, односно човековиот развиток како свесно битие. Човечкото суштество на оваа планета учи првенствено лекции врзани за космичкиот принцип познат под името љубов. Љубовта е широк поим и опфаќа многу аспекти, па тешко е да се каже кој аспект за поедина личност ќе биде релевантен, меѓутоа еден од заедничките именители на сите тие лекции е токму интеграцијата на машкиот аспект на сопствената Душа кај жените, односно женскиот кај мажите. Таквата интеграција води кон висок степен на целовитост, а сретството за интеграција е токму партнерскиот однос. Невозможно е, имено, да се заобиколат проблемите кои ги произведуваат неитегрираните анимус/анима така да е можеби најинтелигентно човек да се соочи со нив, наспроти константното менување на партнери, односно бегот од сето што наликува на длабока поврзаност и проблемите кои таа ги носи, заради кои понекогаш го губиме сопствениот комодитет.

 

Мажите можеби потешко ќе прифатат дека во себе носат и женски аспект кој плус тоа мораат и да го запознаат. Но, ако не го сторат тоа, никогаш нема вистински да ги разберат жените. Се додека анимус и анима не се во потполност интегрирани, и мажите и жените ќе имаат големи проблеми во разбирањето на спротивниот пол, а денес неразбирањето помеѓу половите е сеуште на висок степен. Жените уште и сфаќаат понешто, но мажите...речиси ништо. Или можеби и премногу, но не ја прифаќаат реалноста па заради сопствена заштита креираат бројни одбрамбени механизми, како што е, на пример, патријахалното општество. На тој начин тие се обидуваат да ја задржат сопствената доминација, но со оглед на тоа дека веќе неколку илјади години не сакаат да ја отворат или сменат замрзнатата слика за себе, нивната емотивна интелигенција е на низок степен. Би можеле да кажеме дека светот е на работ на самоуништување токму затоа што со него доминира неурамнотежена машка енергија, а женската со сите сили се држи потисната. Таква е ситуацијата секаде во светот, во поголема или помала мерка, а на Балканот е сеуште екстремна зошто општествената, политичката и религиската власт е во рацете на мажите, воглавно од руралните краишта, доволно агресивни и немилосрдни да и се наметнат на бескрвната урбана “интелигенција“. А таквите мажи знаат да бидат исклучително груби кон жените, речиси до степен на омраза.

 

Патријахалното општество во добар дел е последица на свесната поделба која светските моќници ја прават веќе илјадници години за да ги држат луѓето под контрола. “Подели па владеј“ е прастариот модел на управување кој на безброј начини се применува и денес, а неразбирањето помеѓу половите создадено со пренагласување на машката улога и потиснување на женската создало јаз кој сега е тешко да се совлада. Денес речиси е поприродно  мажите и жените да си бидат едни на други непријатели отколку пријатели и таквиот модел и понатаму се подгрева со сите сретства. Меѓутоа, исто онака како што ја потиснало жената, патријахалното општество претерано го оптоварило мажот. Во најпатријахалните краишта, мажите длабоко во себе се едноставно преплашени. Врз нив е одговорноста која суштински не им припаѓа – тие, имено, мораат да доминираат, а потсвесно знаат дека не се во состојба, односно дека таквата распределба на силите не е природна. Младите генерации кои не сакаат да бидат груби кон жените се прогласуваат за “паупчари“ или слабаци, не само од страна на другите мажи – нив ги презираат и жените. Со оглед на тоа дека израснале во патријахални семејства во кои е природно таткото да ја тероризира мајката, тие не ни знаат за ништо подобро. Затоа жената очекува терор, а ако не го добие смета дека нејзиниот маж не е доволно  “машко“ па на отворен или суптилен начин почнува да го омаловажува. И се разбира дека тогаш балканскиот маж завршува на дрога, алкохол или слично – а што друго му преостанува? Психијатар? Вистинскиот маж не посетува психијатри, тој мора фраерски сам да го реши својот проблем, како знае и умее зошто, по ѓаволите, не е луд.

Сметам дека нема ништо лошо во мноштвото различни улоги кои женскиот или машкиот принцип можат да ги превземат, но за сето време се занемаруваат нивните најизворни аспекти. Заради тоа дел од одговорноста  за нерамноправноста, неразбирањето и меѓусебното непознавање на половите лежи и врз колективните модели. Во денешно време тие полека се менуваат, но со чекор на полжав зошто нема знаење за конкретните сретства за промена. Таквото знаење дури од неодамна е достапно, но претежно во “алтернативните“ кругови кои немаат еднаков статус на официјалните, па според тоа ниту одговарачко влијание.  Меѓутоа, за трагачите и за луѓето со отворен ум постои цела низа технички сретства, поткрепени со научна теорија, со чија помош е возможно да се остварат наведените цели. Рамноправноста на машкиот и женскиот принцип внатре во личноста не е веќе неостварлива или на случајот препуштена цел. Тоа дури не е ниту цел која би барала долгогодишна психотерапија – се што е потребно е спремност за работа и промена. За жал, на остварување на тие цели  сеуште почесто се одлучуваат жените зошто се емотивно посвесни, па со тоа и значително похрабри. Мажите мислат дека се “вистински фраери“ само ако се цврсти како карпа, односно крути како пенис во ерекција. Мекотијата, флексибилноста или отвореноста за нив е прифатлива само ако се пијани или дрогирани, но не и во трезна состојба. Меѓутоа, немаат поим што пропуштаат зошто на светот има толку многу извонредно интересни жени кои на планетава на мајмуни  едноставно не можат да си најдат партнер.

 

Доколку станува збор за личности со спиритуална ориентација, фазата на трансформација ќе ја карактеризира чистењето на сите непосакувани модели кои личностите ги носат во себе, односно нивната трансформација во посакувани, додека личностите кои сакаат да го одржат партнерството или да го задржат складно, или да го разбудат и направат уште подобро, обично поминуваат специфични чистења кои зафаќаат специфичен контекст. Во обата случаја таквите процеси обично се однесуваат на чистењето на односите со родителот од спротивниот пол кој секогаш претставува модел за типот на партнер кој на личноста и е интересен, но и со родителот од истиот пол кој исто така претставува модел за реакциите на партнеровото однесување. Обата родитела претставуваат извори на моделите кои, доколку не се позитивни, можат да вршат ограничувачки влијанија во самото партнерство, односно да бидат причина за партнерските несогласувања. Но, поминувањето низ различните степени на  фазата на трансформација зафаќа и различни извори на тековни проблеми кои, помеѓу останатото, можат да се рангираат од средување на различни трауматски искуства и нивни последици – психолошки и спиритуални, потоа влијание на семејната динамика и наследниот фактор (мијазам) па се до длабоките и суптилни влијанија на колективното психоенергетско поле во кое човекот престојува, односно структурата на светскиот Матрикс и неговите програми – архетипови на колективното несвесно.

 

Фазата на трансформација обично завршува во моментот кога сите непожелни модели кои имаат за последица отцепување на машкиот односно женскиот принцип се растворени, сите отцепени аспекти на личноста се интегрирани, па со тоа е возможно конечно да се интегрираат и анимус/анима. Личниот развиток, се разбира, не завршува со оваа интеграција, но сега е возможно да се реализира однос, да се искреира на начин кој партнерите ќе го одберат. Имено, партнерите се сега во состојба да се прифатат еден со друг, зошто се прифатиле себеси и своите машки и женски аспекти. Тие се во состојба и да се разберат еден со друг, зошто се разбираат себеси, а веќе го нема ниту филтерот кој ја заматува нивната прецепција. Сега е, значи, време за третата фаза, за вистинската реализација на односот на оптимален начин. Тоа значи дека обете личности го реализираат својот полн потенцијал, без било кој да биде загрозен или потиснат. Партнерите сега можат да се реализираат како целовити личности, свесни за себеси и за улогата на односот во процесот на човековото креативно остварување. Во спиритуална смисла, интегрцијата  на анимата или анимусот исто така доведува и до можноста за поврзување со духовната струја метафорички опишана како “чиста љубов“ или „чиста земја“. Обата поими се метафори за првото ниво на рајот, “чистата земја“ позната од Будизмот, во која битијата и се посветени на реализацијата на идеалот  за универзална љубов. Ова ниво би можеле да го наречеме и сфера на “чистата среќа“ зошто, иако многу луѓе не се доволно свесни за ова, среќата е во љубовта. Не во парите, слободата или креативната работа – среќата е во љубовта. Но, тоа не значи дека и останатите работи во животот не се важни. Во креативната работа, на пример, лежи изворот на човековото задоволство. Внатрешниот мир почива врз хуманитрната работа, а исполнувањето - во свеста за својата изворна природа и креирањето на такви животни модели кои ќе ја подржат и одржуваат оваа свест.

 

Затоа, за третата фаза на односот неопходно е да се познава својата изворна природа и потоа да се има воља таа да се реализира низ партнерски однос. Фазата на реализација обично се опишува како таков облик на партнерство во кој две “просветлени битија“ креираат однос втемелен на нивните духовни искуства. Ниту фазата на реализација, меѓутоа, не е пасивна во смисла дека нема повеќе потреба за внатрешно прочистување – има, но таквите чистења минимално го оптоваруваат самиот однос и не го доведуваат во криза. Креирање на семејство низ ваков однос може да претставува врв на искуството на човечноста, зошто децата ќе бидат инкарнирани во заедница на свесни родители, а таквата заедница е идеален предуслов за креирање на здраво човечко битие кое нема да мора да помине половина живот борејќи се со наследените проблеми и ограничувања.За жал, како што реков претходно, ваков облик на фаза на реализација исклучително е редок. Повеќето (брачни) парови во реализација на односот влегуваат водени од архетипските програми кои се манифестираат низ отворени или суптилни внатрешни тежнеења, “копнежи“, семејни или општествени очекувања.. Креирањето на семејство е природна човекова потреба, но може да се изведе на различни начини и со различна мотивација. Доколку се извршува само заради форма, децата се лишени од облиците на емотивна зрелост кои се остваруваат низ безусловната љубов од страна на родителите. А родителот кој не е интегрирана личност, кој не е во состојба безусловно да се сака себеси и својот партнер, не ќе може на тој начин да го сака ниту детето.

 

 

КРЕИРАЊЕ НА СКЛАДНО ПАРТНЕРСТВО

 

Иако од досегашниов текст би можело да се заклучи дека складното партнерство е можно да се оствари дури во третата фаза, тоа не е точно. Овие три фази не се вештачки одвоени една од друга и најчесто се испреплетуваат, иако наведените типови на процесот доминираат во секоја од фазите. Складното партнерство е возможно значи, во сите фази, доколку личностите се свесни за нив и имаат воља да превземат одговарачки конкретни активности и чекори типични за развитокот и поминувањето низ секоја од наведените фази. Тоа значи дека складното, среќно партнерство се креира и бара знаење и вештина, а не среќа или судбинска предодреденост. Креирањето на партнерството е комплексен процес зошто, за почеток, бара една сосема нова култура на односи.  Прво кон себеси. Имено, денес многу личности не можат да си најдат одговарачки партнер. Суштината на овој проблем, покрај можните “објективни“ ограничувања, е во недостатокот на љубов кон себеси. Таквата не-љубов обично резултира со недостаток на свест за својата сопствена вредност и неспособност да се штити сопствениот интегритет. Личноста која е во состојба безусловно да се прифати, поддржи и сака себеси им е привлечна и интересна и на другите. Понатаму, кога еднаш ќе стапат во однос, партнерите мораат да бидат во состојба да го доживеат партнерството и како сретство за личен развиток. Тоа не значи дека ќе демнат еден на друг и опсесивно ќе бараат врска помеѓу одредени реакции и нивните можни причини, туку повремено ќе поработат на некое свое, очигледно неприродно однесување. Иако мнозинството луѓе не поседува ваква перцепција на партнерството, односно култура на меѓучовечки односи, невозможно е да се решат партнерските проблеми со нивно игнорирање, потиснување или очекување дека ќе се разрешат сами, “со тек на време“. Вакво сценарио сеуште немам видено, иако страстите  понекогаш привремено ќе се стивнат. Но, веќе во следниот налет проблемот ќе се манифестира со уште поголема сила и само е прашање на време кога личностите ќе се согласат или на конструктивна работа врз проблемот или едноставно ќе се разидат со тврдење дека “не се еден за друг“. Можеби и не се, но тоа не можат со сигурност да го знаат зошто не се ни обиделе да согледаат  дали можеби сепак се (еден за друг).

 

Што се однесува пак до темелните предуслови за складно партнерство, тие можат да бидат следниве. Прво и основно, партнерите мораат да и бидат посветени на врската, зошто на партнерството е невозможно да се работи ако обете личности не сакаат да останат во неа, односно да бидат верни еден на друг. Потребна е значи согласност, односно предаденост на партнерскиот однос кога станува збор за обата партнера, а ако не сакаат да останат во врска, тогаш треба да се работи со секоја личност посебно. Доколку партнерите сакаат да останат заедно, тогаш треба да се види дали сакаат да работат на креирање на складно партнерство или не (односно дали очекуваат дека тоа мора да биде квалитетно “само по себе“). Свесното, активно учество во креирањето на партнерството нема алтернатива. Свесен сум дека ваквата визура на партнерството некому може да му изгледа како недостапна утопија, но, само сакам да нагласам дека постои и конструктивна алтернатива за партнерските препукувања, досадата, меѓусебното изживување, неверството и “шарањето на страна“ или за крутите традиционални модели. Иако заради тоа некои луѓе ќе заклучат дека единствено спиритуално ориентираните личности кои се спремни да “работат на себе“ можат да постигнат хармонични односи, а дека за сите останати нема спас – спиритуалноста и активниот пристап кон креирањето на партнерството не мораат да имаат никаква врска едно со друго. Имено, ако постојат конкретни модели на мислење, однесување, исхрана или вежби кои го чуваат физичкото здравје (и кои можат и не мораат да имаат врска со спиритуалноста), тогаш постојат и конкретни модели со кои се креира или одржува складно партнерство. Креирањето на партнерството е и технички проблем, а не само “судбински“. Заради тоа, без активна работа на свесното креирање на односите нема ни успех во нив. Партнерскиот однос е, повторувам уште еднаш, сретство за личен развиток. Ако не го доживееме на овој начин, тој со тек на време ќе стане тешко оптоварување за обете личности. Под притисок на таков товар партнерството или мутира во некој традиционален модел втемелен врз некој вид меѓузависност или купопродажба, или се раскинува.

 

Доколку постои спремност на обата партнера за соработка (или можност таква спремност да се креира), работата на средувањето на партнерските односи може да продолжи со утврдување на потребите, желбите и целите на обата партнера, со паралелно расчистување на комуникациските чворови (“маѓепсаните кругови“ во односите), растворање на проекциите и трансферите и една цела низа на дополнителни тераписки постапки со кои се раствораат и оние очигледни, но и оние длабоки внатрешни отпори, приговори и “диверзии“ за остварувањето на складен однос. Партнерите кои сакаат да работат на креирање на складно партнерство можат да го унапредат својот однос ускладувајќи ги своите желби и потреби, вредности и цели со развивање на потребните квалитети и со чистење на внатрешните препреки како што се веќе споменатите трауматски искуства, токсични поврзаности, идентификации, врзаност со бившите партнери или влијание на лоши примери. Значи, се е можно да се постигне доколку постои воља и речиси ништо не е возможно да се унапреди доколку не постои воља. Бидејќи средувањето на партнерските односи денес е помалку или повеќе техничко прашање, така и креирањето на складно партнерство станува работа на избор, а не само на судбинска предодреденост. Не постои тој “партнерски хороскоп“ кој може да биде “среќен“ доколку личностите не работат свесно на креирањето на сопственото партнерство. Но, доколку партнерите се волни да да го доживеат сопствениот однос како сретство за личен развиток, тогаш пред нив се отвора пат кон исполнување чии граници ги одредуваат единствено самите партнери, а не “добрата или лоша субина“. А степенот на таквото исполнување може да биде неверојатен.

 

© Томислав Будак, октомври 2006.  

 

Последно освежено ( Среда, 15 Јули 2009 13:45 )
 

Додади го твојот коментар

BoldItalicUnderlineStrikethroughSubscriptSuperscriptImageOrdered listUnordered listQuoteCode
Happy smileyVery happy smileyWinking smileyOh my God !Smiley with tonque outHot smileySad smileyCrying smileyShocked smileyBe Right BackAshamed smileyConfused smileyI dont knowThinking smileyEye-rolling smileySleepy smileyDon't tell anyoneBaring teeth smileyParty SmileySick smileyAngry smileyDevilAngelNerd smileySarcastic smileySecret tellingThumbs upThumbs downClapping handsFingerscrossedLeft hugRight hugBoyGirlMessengerHeartBroken heartRoseWilted roseKissGiftBirthday cakeCigaretteHandcuffsBeer mugDry martiniI'mMoonStarSunRainbowUmbrellaIslandRainStormDinner plateBowlPizzaCoffee cupCatDogBatGoatSnailTurtleSheepFilmstripNoteE-mailCameraLightClockTelephone receiverComputerMobile phoneXboxSoccer ballAutoAirplaneMoneyFilmFilm LinkSoundPictureExclamationRss
Вашиот псевдоним:
Вашата адреса за електронска пошта:
Предмет:
Коментар: