English French German Italian Portuguese Russian Spanish

“ЕДЕН“ упатува повик за соработка до оние читатели на сајтот кои поседуваат интересни информации, истражуваат и имаат сопствено мислење за теми кои се обработуваат на овие страници или пак имаат преводи на македонски од статии објавени на други сајтови, блогови, часописи... да земат учество во понатамошното креирање и развивање на сајтот. Администраторите ќе ги разгледаат пристигнатите материјали и ќе ги објават оние кои се во склад со информациите кои веќе се нудат, а авторите или преведувачите кои ќе бидат најактивни ќе добијат своја рубрика и статус на уредници на истата. За повеќе информации или испраќање на материјалите контактирајте го администраторот на еден...

Евангелие по Тома PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 6
НајлошоНајдобро 
Напишано од Гого   
Сабота, 07 Јуни 2008 22:39
Индекс на артикл
Евангелие по Тома
Страна 2
Страна 3
Страна 4
Страна 5
Страна 6
Страна 7
Страна 8
Страна 9
Страна 10
Страна 11
Страна 12
Страна 13
Страна 14
Страна 15
Страна 16
Страна 17
Страна 18
Страна 19
Страна 20
Страна 21
Сите страници

Translated by Stephen Patterson and Marvin Meyer

Слободно Препеано и коментирано од Антитрп Богомилски

 

     Да се коментира Евангелие е исклучителна чест, но и многу одговорна работа затоа што би требало да ја коментира некој кој извонредно добро ја познава темата и да ја разбира потполно. Првиот услов го задоволувам затоа што овие неколку страни јас ги проучувам повеќе од 18 години, а што се однесува до другиот услов немам намера да кажам дека потполно ја разбирам затоа што сите кажувања на Јасу се слоевити и мислам дека никој не би можел да каже дека потполно ја разбира на сите нивоа. Точно и затоа е наречено евангелие или божја книга или библија – врата кон Бога. Како и да е овие коментари можеби ќе го доближат читателот до оригиналните кажувања на живиот Јасу. Имено Јуда е директен ученик на Јасу и тој самиот присуствувал на кажувањата, не му ги раскажал некој, па тој да ги запише. Со ова доста се одбегнува можноста на „расипан телефон“. Овие кажувања се напишани на Арамејски јазик, на јазикот со кој што зборувал Јасу, но тие се преведени на англиски и при тоа преведување нужно се доаѓа до искривување (иако тоа е минимално). Искривувањето би се зголемило доколку директно би ги преведувал од англиски. Јас настојував да ги препеам или поточно да употребам и зборови кои сметам дека со преведувањето се искривени, а во нашиов јазик има посоодветен знак (збор). Ова што следи е напатствие како од живот полн со страдање да направиме да живееме во блаженство. Си посакувам за себе, а ви пожелувам и на сите луѓе на Земјинава топка да го искусат тоа. Само така, сето она што го правел и живеел Јасу добива смисла. Доволно во негово име убивале и се измачувале. Неговите зборови треба да ги разбереме како пат до среќата. Сите кажуваат дека спасението е спас од маките и страдањата, а тоа станува преку опростување и живот во вистината (патот до Бога води преку животот и вистината).

     Евангелието по Тома е колекција од традиционални кажувања (голоси, логои) од Јасу. Тие се пренесени од Дидим Јуда Тома кој во канонските Евангелија е наречен „неверниот Тома“, а по некои рани традиции братот близнак на Јасу. Дидим означува близнак на грчки.

     Денес ние имаме две верзии на Евангелието по Тома. Првата е откриена во доцните 1800 меѓу Оксиртинкус Папири и таа содржи фрагменти од таканаречената Грчка верзија која е од околу 200 година. Втората, комплетна верзија е на Коптски или старо македонски, од Кодекс II најдена во Наг Хамади. Тома прво било напишано на старо грчки (или можно на Сириски или Арамејски) некаде меѓу средина на првиот и крајот на вториот век.

Постојат многу шпекулации за релациите на Тома со канонските Евангелија. Многу Кажувања на Тома имаат паралели со Новиот Завет, особено оние најдени во синоптичките Евангелија. Ова води во верување дека Тома е исто така базирана натака наречениот  „Q“ документ, заедно со Матеја, Лука и Марко. За разлика од синоптичките Евангелија, Тома нема раскажување кое ги поврзува кажувањата. Тоа е листа на 114 Кажувања, без некој посебен ред.  Споредбата со Новиот Завет покажува дека Тома содржи по рани кажувања. Друго во Тома изгледа се заштитени поранешните традиции за Јасу од оние во Новиот Завет.

     Иако не е можно да се означи на која гранка, група или секција припаѓа, секако дека е Гностичка. Како е назначено во почетокот дека ова се „тајните кажувања“ секако дека наведува на езотериска природа или пак ова се кажувања кои се само за оние кои може да ги „разберат“. Треба да се знае дека во 114 машко е симбол за духовно (спиритуално или гностичко).

     Во верзијата на таканаречениот грчки најдена и наречени Оксиринис папирус од доцна 19 век, ги содржи кажувањата 1-6, 26-28, 30-32, 36-38 и 39. Броевите се ставени од коптскиот наод. Кажувањата се идентични од двата документи.

 

 

Евангелие по Тома

Ова се тајните кажувања кои живиот Јасу ги кажал, а Дидим  Јуда Тома  ги запишал.

     Дидим на стариот јазик (денес се користи во грчкиот) означува близнак, а  Томае означува исто близнак. Постојат некои кажувања дека можеби Јасу имал брат близнак. Јас сметам дека не мора да е физички брат близнак туку можеби близнак е затоа што пиел од истиот Извор, па го спознал Јасу. Така тој е близнак по дух а не по тело. Името му е Јуда. За кој Јуда станува збор не знаеме, само од овој текст се гледа дека бил многу близок со Јасу.




Последно освежено ( Петок, 08 Мај 2009 12:15 )
 
Коментари (2)
Komentar do Oliver za Evangelieto po Toma
2 Вторник, 23 Јуни 2009 17:31
Tomaes
Drag Oliver, ti ili si formatiran (ogranichen) od crkvata, ili si dozvolil da te implantiraat (pak crkvata i nejzinite sekti), ama covece, vidi si, sepak za tvoe dobro, pobaraj, oti nema poslep od onoj sto ne saka da vidi (i slepo veruva), nema poglup od onoj sto ne saka da svati (i proveri) i nema poGLUV od onoj sto ne saka da CHUE.
Po-zdrav i proveri si (za sekoj slucaj) koi politicari go pravele svetoto pismo vo Nikeja... moze ke najdes zosto ne im odgovaralo Evangelieto po Toma
Evangelie po Toma???
1 Петок, 05 Јуни 2009 09:50
Oliver
Ne postoi evangelie po Toma!!! Vo svetoto pismo postojat 4 Bozji evangelija: Matej, Marko, Luka i Jovan.

Додади го твојот коментар

BoldItalicUnderlineStrikethroughSubscriptSuperscriptImageOrdered listUnordered listQuoteCode
Happy smileyVery happy smileyWinking smileyOh my God !Smiley with tonque outHot smileySad smileyCrying smileyShocked smileyBe Right BackAshamed smileyConfused smileyI dont knowThinking smileyEye-rolling smileySleepy smileyDon't tell anyoneBaring teeth smileyParty SmileySick smileyAngry smileyDevilAngelNerd smileySarcastic smileySecret tellingThumbs upThumbs downClapping handsFingerscrossedLeft hugRight hugBoyGirlMessengerHeartBroken heartRoseWilted roseKissGiftBirthday cakeCigaretteHandcuffsBeer mugDry martiniI'mMoonStarSunRainbowUmbrellaIslandRainStormDinner plateBowlPizzaCoffee cupCatDogBatGoatSnailTurtleSheepFilmstripNoteE-mailCameraLightClockTelephone receiverComputerMobile phoneXboxSoccer ballAutoAirplaneMoneyFilmFilm LinkSoundPictureExclamationRss
Вашиот псевдоним:
Вашата адреса за електронска пошта:
Предмет:
Коментар: